Монтажа за креатори и мали бизниси
Испрати го твојот суров материјал и добиј готови видеа за Reels, TikTok и Shorts – со титлови, звучна обработка и ритам што го задржува гледачот.

Што работам
Како UGC креаторка точно знам што прави едно видео да функционира – првите секунди, темпото, титловите и звукот. Истиот занает сега го нудам како услуга за монтажа.
Не мораш сама да правиш сè. Ти снимаш, јас монтирам – и добиваш готови видеа спремни за објава.
Сервиси
Цените се ориентациони по видео – точна понуда добиваш откако ќе го видам материјалот. Континуирана соработка од 4, 8 или 12 видеа месечно се договараат посебно.
од 800 SEK
За тебе што сакаш чиста и брза монтажа за социјални мрежи.
од 1 200 SEK
Најчестиот избор за UGC креатори и мали бизниси.
од 1 800 SEK
Кога видеото носи кампања или платена реклама.
Суров материјал. Пакетите вклучуваат до десет минути суров материјал по видео. Имаш повеќе материјал? Нема проблем. Секако можам да ти помогнам и со поголеми количини материјал со доплата. Дополнителен суров материјал + 300 SEK по започнати 10 мин.
Како функционира
Кажи ми накратко за проектот, платформата и кога ти треба видеото.
Преку WeTransfer, Google Drive или Dropbox – ти праќам линк.
Добиваш прва верзија со титлови и звук.
Заедно дотеруваме и ги добиваш финалните фајлови во точните формати.
Итно? Експресна испорака за 24–48 часа е можна со доплата.
Чести прашања
MP4 и MOV работат најдобро. Снимено директно на телефон е сосема во ред – прати ги оригиналните фајлови.
Преку WeTransfer, Google Drive или Dropbox. Добиваш линк за прикачување штом ќе го договориме проектот.
Можам да помогнам со структура, hook и call-to-action со мала доплата.
Да – шведски, англиски и македонски се вклучени. Други јазици по договор.
Ти го поседуваш целиот материјал и готовите видеа. Секогаш прашувам пред да покажам нешто како пример.
Барање за монтажа
Пополни го формуларот и ќе ти се јавам со рок и цена. Ако сакаш, прати и директен мејл.